“Аман“ закажа состанок во Соколански парк

23.08.2012 14:15 | KumanovoNews

 Граѓанската иницијатива “Аман“ ги повикува граѓаните утре во 18 часот да дојдат во Соколански парк и со свои идеи да помогнат во организирање на идниот протест за вторник.

“Аман“ закажа состанок во Соколански парк

Поентата е секој да се вклучи со свој предлог. Состанокот ќе биде информативен. Излезноста беше добра и ние сме задоволни. Само стечајци имаше 250 луѓе. Времето беше топло и затоа можеби дел од граѓаните се откажале од намерата да се појават на Градскиот плоштад. За наредниот втор протест се надеваме на уште поголем одзив - вели Петар Чуриќ , член на “Аман“.

На 28 протестот можно е да почне во 19 часот, но за ова утре граѓаните и членовите на “Аман“ ќе се договараат.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk