Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во прва официјална посета на Куманово денеска престојуваше амбасадорката на БИХ, Лепа Бабиќ.
На средбата со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски разговарале за продлабочување на економската и културна соработка на општинско и национално ниво.
„Ние имаме извонредна соработка со нашите братски градови Бања Лука и Бјељина. И во време на елементарните непогоди си пруживме меѓусебна подршка. Тоа јасно укажува на почитување на традициите на двете држави. Јас имав плодна дискусија со амбасадорката на политички план, на локалниот економски развој, културата соработка и соработка на локалните самоуправи,- рече градоначалникот Дамјановски.
Амбасадорката Бабиќ една година е во Македонија, а ова е нејзина прва посета на Куманово. Таа се заблагодари на гостопримството и најави дека на 5 октомври во босанската амбасада ќе се организира културна манифестација на која ќе биде поканета и делагација од општината Куманово.
„Имаме извонредна културна соработка, но сметам дека треба да се подигне стопанската соработка на едно повисоко ниво. Македонија и Босна и Херцеговина немаат отворени прашања, туку само пријателси односи“, - изјави амбасадорката Бабиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk