Амбасадорки го видоа културното богатство во регионот

14.03.2017 16:42 | KumanovoNews

Амбасадорки и сопруга на амбасадор во Македонија, денеска беа во посета на општините од североисточниот регион.

Амбасадорки го видоа културното богатство во регионот

Посетата ја започнаа од општина Куманово, каде амбасадорката на Швајцарија, Сибиле Сутер Тејада, Луиза Винтон постојан координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП, како и сопругата на амбасадорот на ЕУ во Македонија Маја Жбогар се сретнаа со градоначалникот Зоран Дамјановски.

Потоа ги посетија кумановската џамија во центарот на градот, пречистителната станица за отпадни води во населбата Доброшане, манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

„Ќе се запознаат со спецификите на регионот и она што е многу актуелно за рамомерна распределба на проектите во однос на рамомерниот регионален развој„,- рече Дамјановски.

Посетата се реализира заради промоција на Македонија кај претставниците на меѓународната заедница, како дел од програмата на „Macedonia Welcome Center”. Емилија Миладинова Аврамчева од “Macedonia Welcome Center”, истакна дека овие прошетки и запознавање на културно-историските споменици се значајни, бидејќи претставниците на меѓународната заедница се директен „линк“ со нивните матични земји. Таа додаде дека колку повеќе ја запознаваат нашата земја, толку повеќе ги пренесуваат искуствата во нивните земји.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk