Амбасадорки и сопруги на амбасадори во посета на Кумановско

21.11.2014 19:00 | KumanovoNews

Амбасадорки и сопруги на амбасадори, денеска го посетија Куманово и Старо Нагоричане.

 
Амбасадорки и сопруги на амбасадори во посета на Кумановско

 Делегацијата од жени ја сочинуваа претставнички од Србија, Франција, Италија, Босна и Херцеговина, Грција и НАТО.

Дамите се сретнаа со градоначалникот Зоран Дамјановски со кого разговараа за туристичкиот потенцијал на општината, етничката структура и економската состојба.

 „Имавме една плодна дискусија за Куманово, онакво какво што е, со сите свои позитивности и проблеми што ги има во секојдневното функционирање. Тие покажаа интерес за она што значи стопанскиот развој, етничкиот соживот, образовниот процес, културата и богатството на културното живеење„- рече Дамјановски.

Високите гостинки при обиколка на градот, ги посетија црквите „Свети Никола„, „Свети Арханѓел Михаил„ и погон за производство на чевли.

 “Во агенда ни е промоција на Македонија кај странците кои живеат и престојуваат овде. Ние веќе 4 - 5 години успешно ја работиме оваа работа претставувајќи линк меѓу дипломатите во Македонија и локалното население. Многу често правиме соработки со општините со цел да ги промовираме. Странците, дипломатите се редовни гости кај нас и ја промовираат својата култура преку една активност наречена “Утринско кафе“, каде што еднаш месечно некој амбасадор е гостин“ - изјави Емилија Миладинова Аврамчевска, претседател на „Македонија Велком„ од Скопје.

Амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак Томиќ рече дека е често во Куманово.

 “ Доаѓам често, колку што ми дозволува времето. Оваа прилика се наоѓам во едно специфично женско друштво. Куманово е многу атрактивно и има што да покаже, има што да се покаже посебно старите споменици, ново Куманово, има изложби“ - вели српската амбасадорка.

Дипломатите во рамки на протоколарната посета заминаа во Старо Нагоричане за да ја видат црквата Св.Ѓорѓи. Посетата ја организираше здружението „Македонија Велком„ од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk