Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во работна посета на Куманово денеска престојуваше амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, разговараше за комуналните проблеми и начинот на менаџирање од локалната заедница.
„Денеска отпочнува еден од најголемите проекти кои Куманово ги има добиено во последните 10 години, а тоа е ИПА проектот „За изградба и рехабилитација на канализационата мрежа во Куманово„ во должина од 25 километри, проект од 4,58 милиони евра. Јас во име на граѓаните на Куманово и во мое лично име се заблагодарив на Европската канцеларија за подршката на Куманово и за се што прават да ги детектираат и да помогнат во решавање на локалните проблеми, - изјави градоначалникот Дамјановски.
Било разговарано и за развојот на економијата, економската миграција во градот, за перспективата на младите и за се она што е значајно за локалната заедница.
Амбасадорот истакна дека не ја гледа својата мисија за справување со политички проблеми и прашања само во Скопје, туку и во останатите градови во државата.
„Во општините се вистинските проблеми, проблеми поврзани со водоснабдувањето, со канализациониот систем, образованието и економските проблеми. Имавме многу добра дискусија со градоначалникот и научив за многу прашања кои го засегаат Куманово како општина. Тука сум и да разговараме за проекти кои се финансирани од ЕУ. Денешниот проект е поврзан со зачуваување на животната средина, која е врвен приоритет на ЕУ и ќе се фокусираме на овој проблем - рече амбасадорот.
Амбасадорот го посети и Дневниот ценатар за деца со посебни потреби, сместен во градинката ЧИК и ќе присуствува на промоција на проектот „За изградба и рехабилитација на канализационата мрежа во Куманово„.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk