Амбасадорот Жбогар во посета на општина Куманово

27.11.2017 21:50 | KumanovoNews

 Евроамабасадорот Самуел Жбогар, беше денеска во посета на општина Куманово.

Амбасадорот Жбогар во посета на општина Куманово

На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски разговарале за досегашните и идни проекти во општина Куманово со подршка на ЕУ.

„Особено внимание дадовме на последниот проект кој што е во тек, а се работи за инвестиција од 4 милиони евра за реализација на проектот за реконструкција и изградба на фекална канализација“, -  изјави Димитриевски.

Евроамабасадорот вети дека и во наредниот период Општина Куманово ќе ја има подршката на европската заедница и ќе помогне во реализација на проекти во интерес на граѓаните.

„Денеска имавме можност да поразговараме за еден голем проект кој е поврзан со третирање на сметот, проект кој ќе се реализира во општина“, - изјави Жбогар.

Амбасадорот го посети и средното техничко училиште „Наце Буѓони„ кое е дел од кампањата “Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk