Американски волонтер во ОУ “Христијан Карпош“

21.11.2013 09:38 | KumanovoNews

Шеј Јул, волонтер на Мировен корпус од Америка две години ќе работи со ученици од ОУ “Христијан Карпош“ и ќе им помага во изучување на англиски јазик.

Американски волонтер во ОУ “Христијан Карпош“

Волонтерот се запозна со децата и тие многу добро го прифатија. Почнувајќи од 1 декември секојдневно ќе работи со ученици од нижите и вишите одделенија за усовршување на англискиот јазик. Тој е сместен во близина на училиштето. Се надеваме дека ќе имаме добри  резултати - вели Лидија Костиќ, директорка на училиштето.

Таа објаснува дека досега имале волонтери од странство кои престојувале овде на месец или два, но ова е првпат да потпишат договор со волонтер од странство за две годишна соработка.

                                                                 (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk