АМСМ: Блокади и магла на патиштата

10.01.2011 11:59 | KumanovoNews

 Авто –мото сојузoт на  Македонија ги известува  граѓаните дека  дел од патиштата се со намалена видливост поради магла. 

АМСМ: Блокади и магла на патиштата

 Намалена видливост поради појава на магла има: Куманово – 30 метри, Скопје – 30 метри, Тетово – 50 метри, Штип – 30 метри, Сарамзалино – 50 метри, Петровец – 30 метри, планинскиот превој Кула – 50 метри, Велес – 50 метри, Неготино – 200 метри, Демир Капија – 150 метри.

 Внимателно возење и прилагодување на брзината на движење препорачуваме на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес,  Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.          

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.     

     

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk