АМСМ: Внимателно возење, патиштата со голомразица

02.01.2015 09:35 | KumanovoNews

Сообраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите.

АМСМ: Внимателно возење, патиштата со голомразица

Поради ниските температури во утринските часови се забележува појава на голомразица. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците. Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk