Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежите од дожд.
Од АМСМ препорачуваат посебно внимание на делниците кои минуваат преку повисоките планински премини, како и низ клисурите и засеците. Исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk