Анабела ѕвезда на годинешниов „Рома-труба фест“ во Куманово

09.07.2024 13:21 | KumanovoNews

Српската фолк пејачка Анабела ќе биде ѕвезда на годинешното издание на „Рома труба фест 2024“, кој во четврток на 18 јули ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово.

Анабела ѕвезда на годинешниов „Рома-труба фест“ во Куманово

Фестивалот се одржува по 18 пат, а го организира Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово.

„Оваа година фестивалот ќе се одржи една вечер. Ромската химна ќе ја пее Анабела, а ќе настапат трубачи од Македонија, Србија и Бугарија. Се работи за најквалитетните дувачки оркестри во регионот, поради што најавуваме незаборавна забава. Не залудно го носиме епитетот македонска „Гуча“. Затоа ги повикувам граѓаните да дојдат во што поголем број за да се дружиме и да уживаме. Концертот ќе започне во 21 часот, а ќе трае до 2 по полноќ, за да ги избегнеме високите температури“, изјави Самет Салиевски, уметнички директор на фестивалот. 

Фестивалот ќе биде ревијален, а сите учесници ќе добијат статуетки за учеството. 

Рома труба фест се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk