Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Анастасија Бојковска, ученика во 3 година во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ освои второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија на интернационалниот натпревар на млади репортери во кампањата “Помалку отпад“.
- Прошетката покрај река претставува вистинско уживање, но глетката е сосема поинаква. Чад и смрдеа на отпад и ѓубре го уништуваат чистиот воздух кој доаѓа од дрвјата, грмушките и тревата. Да ги заштитиме нашите бели дробови - дрвјата и да вдишиме чист воздух - напишала Анастасија во една од своите еко пораки.
Кампањата „Помалку отпад“ од програмата млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји, а се спроведе во Македонија по втор пат. Оваа година, на двата интернационални натпревари учество земаа 155 новинарски дела од 22 земји. Победниците на двата натпревара беа избрани од страна на интернационална комисија.
Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Поддржана е од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) а ја спроведе Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk