Андреј Божиновски го фати крстот во „Света Троица“

19.01.2016 11:16 | KumanovoNews

Деветнаесет годишниот Андреј Божиновски од Куманово утрово го фати светиот крст во црквата „Света Троица“.

Андреј Божиновски го фати крстот во „Света Троица“

Се фрла од шесто одделение и оваа година имаше среќа да го фати крстот.

Прв пат го фаќам крстот. Очекувам прво здравје, среќа, другото ќе си дојде. Им препорачувам на другите да скокаат за здравје и среќа, а другото во животот ќе си дојде само - рече Божиновски.

Од свештенството при овој храм му дадоа икона и златно синџирче од спонзори како награда.

Сите роднини и пријатели да ги повикаш да земат благослов од крстот и оваа икона со нашиот Исус Христос. Господ нека те чува - кажа отец Игор Здравковски.

По светиот крст скокаа десетина млади момчиња, а  во храмот во чест на празникот се одржа литургија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk