„Ангел Шајче“ пример за еко градинка

02.10.2012 09:19 | KumanovoNews

 Претставник од градинката “Ангел Шајче“ минатата недела престојувал во студиска посета на Словенија каде се расправало за потребата од примена на еколошките програми во градинките и училиштата.

„Ангел Шајче“ пример за еко градинка

  Воспитувачката Билјана Чунгруски, работеше на проект за еколошка едукација на децата со која градинлката “Ангел Шајче“ доби зелено знаменце.

Од вкупно 55 градинки во земјава само две се еко градинки. Сите други треба да се вклучат и да воведат еколошка едукација во образовниот систем. Целта на студиската посета во Словенија беше да се разменат искуства, да се добијат идеи. Ние со децата зборуваме за заштита на животната средина, за штедење на вода, струја, за намалување на отпад и друго. Јас бев претставник од општина Куманово во Крањ, а домаќин на настанот беше словенечкиот претседател Данило Тирк - изјави Чунгурски.

Почнувајќи од 2008 година се зголемува мрежата на градинки, средни и основни училишта кои работат со еко програми. Оваа интернационална програма се спроведува во 52 земји во светот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk