Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хуманитарното ромско здружение “Англунипе“ денеска подели пакетчиња на педесет ромски деца, кои се со попреченост или потекнуваат од социјално - загрозени семејства.
Со овој хуман гест од „Англунипе“ сакаат да им ги разубават Новогодишните празници на сиромашните ромски деца.
Овие деца се најзагрозени. Гордост и чест ми е што пред Нова година успевам да им го разубавам празникот и да имаат убава насмевка, радост, да си играат со Дедо Мраз и да добијат прикладен подарок. Немам зборови да го опишам овој ден. Би сакал со овој пример да ги поттикнам сите релевантни фактори во локалната самоуправа да помогнат, бидејќи ја знаеме состојбата на Ромите од осамостојувањето на Македонија каква е - изјави Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.
Ова здружение осма година по ред доделува новогодишни пакетчиња на ромските деца и се надеваат дека следната година ќе обезбедат двојно повеќе пакетчиња.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk