Анистон го одби предлогот за брак од Џастин Тирокс

06.07.2012 06:26 | KumanovoNews

По 15 месеци врска, Џастин Тирокс конечно ја запросил Џенифер Анистон , но таа го одбила.

Анистон го одби предлогот за брак од Џастин Тирокс

Џенифер очекувала дека Џастин ќе ја запроси за време на нивното романтично патување низ Европа, поточно за време на нивната вечера во ресторанот на Ајфеловата кула, но тоа не се случило, а кога конечно тоа се случило Џенифер го одбила.

Се чувствува дека ја запросил само затоа што таа го сакаше тоа. Не сака да се омажи само затоа што тој мисли дека таа тоа го очекува-изјавил извор за магазинот ОК.

По Париз, и откако се скарале токму затоа што Џенифер очекувала таму да ја запроси, заминале за Рим, а Џастин сфатил дека згрешил, и во Рим ја побарал Џенифер за жена, но таа го одби, но му кажа дека го сака, но дека знае дека тој не е подготвенза брак и подготвена е да го чека-додал истиот извор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk