Анонимната пријава за изборни нерегуларности поднесена во Обвинителството

22.12.2016 15:59 | KumanovoNews

 Во Основното јавно обвинителство Куманово, а не во полицијата била поднесена анонимна пријава дека високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ вршеле изборни нерегуларности во Куманово.

Анонимната пријава за изборни нерегуларности поднесена во Обвинителството

 Од Обвинителството потврдија дека побарале да се изврши информативен разговор со пријавените лица, бидејќи така налага процедурата. Во изминатите два дена во полициската станица биле сослушани 7-8 членови на коaлицијата, а не се знае дали бројката е конечна.  

“Станува збор за преземени дејствија во насока на проверка на наводи по поднесена анонимна кривична пријава до Основното јавно обвинителство од Куманово“, изјавија од Обвинителството.

Од таму не сакаа да кажат за кое дело и за кои партиски членови станува збор, бидејќи постапката била во тек и ништо не е процесуирано.

Дознаваме од МВР дека во пријавата биле наведени со име и презиме сите кои наводно вршеле изборни регуларности и на кој начин ги направиле. Партиски извори потврдија дека нивни истакнати членови и функционери се повикани на разговор во полицијата и сметаат дека со тоа се прави психолошки притисок без аргументи.

Ова не е прв случај во Куманово да се истражуваат сомневања за изборни нерегуларности. Минатата недела специјалци и обвинители од организиран криминал упаднаа во куќата на началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ и му одзедоа службени докумети, под сомнение дека учествувал во изборен поткуп при распределба на огревно дрво на социјално загрозени семејства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk