Апел за помош на Томица Стојковиќ

03.05.2012 08:29 | KumanovoNews

 Томица боледува од акутна леукемија и секое одложување на операцијата може сериозно да му наштети.

Апел за помош на Томица Стојковиќ

Томица Стојковиќ (12) од Куманово, боледува од леукемија и итно мора да замине на операција во Германија. За операцијата се потребни 230.000 евра, кои семејството не може да ги обезбеди само. Затоа аплера до сите хумани луѓе и фирми, да помогнат да се спаси младиот живот.

Томица боледува од акутна леукемија и секое одолговлекување на операцијата може сериозно да му наштети. Тој е под постојан лекарски надзор во специјалната болница Филип Втори во Скопје и неговата здравствена состојба е тешка. Постојано му се менува крвта за да го одржат во живот- велат роднини.

 Семејството апелира и до граѓаните кои можат да даруваат крв тоа да го сторат во Заводот за трансфузиологија.

Томица е ученик во 6 одделение во основното училиште „Крсте Мисирков„ и до пред еден месец, безгрижно уживал во детството со неговите врсници. Сега се бори со тешка и подмолна болест.

Да му помогнеме сите да ја добие најтешката битка во животот.

Пари може да се донираат на броевите 070 143 444 или на 077 143 413.

Стојковиќ Даниела

Жиро сметка: 200002036283259

Стопанска Банка АД Скопје

Матичен број: 2210974425019

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk