Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Алијансата за позитивна Македонија бара под итно да се избере непартиска експертска влада на национален спас за да се надмине политичката криза во која се наоѓа државата
Алијансата за позитивна Македонија смета дека со последните случувања, почнувајќи од неконзистетната одлука на Уставниот Суд за запирање на сите изборни активности, враќањето на старите министри, па се до селективната правда што сака да ја применува претседателот на Републиката во врска со аболицијата, покажуваат дека врвните институции на државата се длабоко партиски инструментализирани, се наоѓаат во агонија, безумие и размислуваат само за заштита на личните интереси на поединци од врхушката на владеачките партии, и нивно спасување од законските и кривичните одговорности.
Алијансата за позитивна Македонија бара под итно да се избере непартиска експертска влада на национален спас. Оваа влада да има за задача да безкомпромисно ги спроведе препораките на Прибе, да го исчисти избирачкиот список, да ја среди медиумската сфера и на есен да организира кредибилни, демократски и фер избори. Исто така непартиската експертска влада ќе треба да обезбеди непречена и безбедна работа на Специјаното Јавно Обвинителство, - соопштуваат од Алијансата за позитивна Македонија, огранок Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk