Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Алијансата за позитивна Македонија го поддржува прогласот за здружување, организиран од страна на граѓанското движење Протестирам.
„Како либерална партија сметаме дека барањата на ова движење треба да бидат поддржани од сите граѓани, формални и неформални движења како и останатите политички партии, кои имаат за цел да се врати правната држава и завладее правдата и правото во земјата. Воедно, Алијансата за позитивна Македонија како партија од либералниот центар со граѓанска опција, најстрого ги осудува вчерашните апсењата на граѓански активисти на протестот во Скопје, по одлуката на Претседателот Иванов за аболоција на обвинетите и потецентиалните обвинети за криминал од страна на СЈО. Апсењата на граѓански активисти, поддржувачи на пленуми и движења кои излегле на мирен протест, по одлуката, преставува чин на репресија и спречување на правото на протест,- се вели во соопштението од оптинската организација на АПМ Куманово.
АПМ ги повикува своите членови, но и сите останати слободоумни граѓани и граѓанки да излезат на мирни протести.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk