Аптеки „Каисер“ донираа перници и топломери во Кумановската болница

10.12.2019 11:27 | KumanovoNews

Перници и топломери донираше aптеката „Каисер“ на Инфективното одделение во Општа Болница Куманово. Донацијата е само прв дел од хуманитарната акција којашто се` уште трае.

Аптеки „Каисер“ донираа перници и топломери во Кумановската болница

„Како општествено одговорна компанија која е сконцентрирана и фокусирана на самиот клиент, излеговме во пресрет на потребите на Инфективното одделение. Преку самото купување во аптеки „Каисер“ дел од парите се донираат и на Инфективно одделение“, - рече Ивица Петковски, сопственик на аптеките.

Докторката Сунчица Јосифова, се заблагодари за донацијата и потенцираше дека е од голема важност, бидејќи Општа Болница Куманово е регионална болница, во која покрива голем број на пациенти.

„Знаејќи дека сите сме потенцијални пациенти во оваа болница, а пред се` голем дел од граѓаните завршуваат и на инфективното одделение, ова уште повеќе ни значи затоа што секогаш има потреба од донација, односно од одредени средства за нормално функционирање на одделение. Се надевам дека и другите општествено одговорни компании ќе се вклучат во вакви акции и ќе донираат, затоа што Општа болница Куманово покрива еден голем регион на жители, тука доаѓаат пациенти и од Крива Паланка и од Кратово потребите и значењето на вакви донации се навистина големи“, - додаде Јосфова.

Оваа донација беше спроведена во координација со надлежните од ЈЗУ Општа Болница Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk