АРМ се вклучи во “Македонија без отпад“

04.10.2013 14:13 | KumanovoNews

 Припадниците на механизираниот пешадиски баталјон во касарната “Боро Менков“ денеска се вклучија во националниот еколошки проект  “Македонија без отпад 2013“.

АРМ се вклучи во “Македонија без отпад“

Целта на кампањата е да се поттикне граѓанскиот активизам и да се развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилно управување со отпадот. Со оваа кампања АРМ се вклучуваат во глобалната акција “Да го исчистиме светот 2013“ која е официјално поддржана од Европскиот парламент, а оваа година ќе се одвива во 107 земји. Таа е дел од проектот “Македонија без отпад 2013“ кој е одобрен од Владата и веќе втора година се реализира од Министерство за животна средина и просторно планирање  - велат од АРМ.

АРМ активно се вклучува во еко активности со чистење на просторот во и околу  касарната, како и засадување на садници за “Ден на дрвото“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk