Армијата го прослави 22 -риот роденден

18.08.2014 09:37 | KumanovoNews

Во касарната “Боро Менков“ денеска свечено беше одбележан 22 - от роденден на Армијата на Република Македонија.

Армијата го прослави 22 -риот роденден

На прославата се обрати потполковник Горан Петрушевски, од првиот механизиран пешадиски баталјон, кој говореше за почетоците на армијата и нејзиното учество во меѓународни воени вежби.

“Покрај сите овие активности и содржини не изостанаа ангажирањата на припадниците на АРМ во справувањето со предизвиците од природните непогоди не само во земјата, туку и надвор од границите на државата. Сите припадници на АРМ во изминатиот период со својот професионален ангажман, со љубовта кон татковината, лојалноста, одговорноста и посветеноста кон реформите дадоа придонес во извршување на уставната мисија за одобрана на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина и воздигнување на поставените стандарди за целосно и рамноправно партнерство и членство во евроатлантските организации - изјави Петрушевски.

На денешен ден во 1943 година на Славеј планина, формиран е баталјнот “Мирче Ацев“, а по осамостојувањето на Македонија и повлекувањето на тогашната ЈНА, земјата со сопствени сили и капацитети формираше армија. На 27 март 1992 година АРМ целосно ја презеде контролата на целокупната територија на државата.

На свеченоста присуствуваа борците, преставници на локалните самоуправи, граѓански здруженија, советници и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk