Армијата на САД ќе презентира воени возила и опрема во Куманово

27.07.2017 13:08 | KumanovoNews

Во Куманово утре ќе се одржи презентација на воените возила и опрема на армијата на САД.

Армијата на САД ќе презентира воени возила и опрема во Куманово

Опремата ќе биде изложена на паркингот пред спортската сала и градскиот базен со почеток во 14 часот, а кумановци ќе имаат можност да поразговараат и со припадниците на АРМ и Aрмијата на САД, и поблиску да се запознаат со опремата и постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армијата на САД и АРМ.

Церемонијата се одржува по повод отпочнување на активностите на заедничката воена вежба на Армимијата на Република Македонија и Kомандата на копнените сили на Армијата на САД за Европа „Dragoon Guardian 17“.

Вежбата „Dragoon Guardian 17“ започнува утре а ќе трае до 10. август има за цел да ги зајакне стандардните оперативни процедури на единиците од составот на АРМ, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД.

На презентацијата ќе присуствуваат и ќе се обратат Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска, Aмбасадорот на САД во Р.Македонија Џемс Бејли, Kомандантот на Здружено оперативната команда бригаден генерал Зоран Милески и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk