Армиските ветерани на марш во Дренак

05.12.2014 11:03 | KumanovoNews

Здружението на армиски и полициски ветерани во среда (10 декември) ќе одржи марш во чест на Дреначка битка, која се водела на 10 и 11 декември 1943 година.

Армиските ветерани на марш во Дренак

Една од најзначајните битки во Република Македонија ќе биде одбележана со еднодневен марш. Учество ќе земат нашите членови, месното население и припадници на други здруженија и невладини организации. Ова го правиме со цел да не се заборавави значајната битка и да ја задржиме традицијата. Маршот ќе биде изведен достоинствено и со почит“ - кажа Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.

Маршот до село Дренак се организира повеќе од 30 години. Во битката на Дренак, баталјот ,,Јордан Николов Орце“ извојувал победа над припадници на Вардарскиот четнички корпус составен од четири бригади. Од Баталјонот загинаа борците Тоде Георгиевски-Мендол, Миливој Бошковски-Кипра, Доско Величковски – Молер, Павле Илиевски, Дојчин Дичковиќ и Владо Тасевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk