Арт Љатифи најдобар ученик по физика, ќе ја претставува Македонија во Лисабон

30.04.2018 14:18 | KumanovoNews

 Кумановскиот средношколец, Арт Љатифи, ученик во трета година во гимназијата „Сами Фрашери“ од Куманово, освои прво место на Државниот натпревар по физика, оптика и нуклеарна физика, кој во сабота се одржа во Скопје.

Арт Љатифи најдобар ученик по физика, ќе ја претставува Македонија во Лисабон

 Во силна конкуренција Љатифи покажа извонредни резултати, со што  се стекна со правото да ја претставува нашата држава на Европскиот натпревар по физика, кој ќе се одржи во португалската престолнина, Лисабон.

„Ова е резултат на моите повеќе месечни подготовки за оваа натпреварување. Се надевам дека на достоинствен начин ќе ја преставувам Македонија на европското натпреварување, кое ќе се одржи во Лисабон, Португалија„- изјави Арт Љатифи по овој значаен успех.

    Инаку куманоскиот средношколец Арт Љатифи и на минатогодишните натпреварувања се здоби со епитететот најдобар во Македонија по предметот биологија, а не изостануваа и успесите по другите предмети особени предметите по албански, македонски и странски јазици.  Арт учествуваше и на натпревари по други предмети каде истотака очекува забележителни резултати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk