Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Асфалтиран е патот од село Табановце до маалата Сланиште.
Патниот правец е во должина од 1,8 километри а за негова изградба се потрошени 11 милиони денари.
- Ова е еден долгоочекуван проект кој беше “рак рана“ во овој дел од Куманово. Се работи за најодалечената маала Сланиште и го остваривме овој проект со сите финансиски притисоци што ги имаме. Патот е со должина од 1850 метри, инвестиција од 11.400.000 денари од буџетот на општина Куманово од развојната програма, а изведувач е “АГП“. Проектот го изведувавме година дена бидејќи имавме нерешени имотно - правни односи, а во текот на изградбата имавме и застој поради финансиски потешкотии -изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој го пушти во употреба новоизградениот пат.
Дамјановски вети дека во текот на 2015 година ќе се асфалтира и делот од клучката на автопатот до центарот на селото во должина од 600 метри.
- Овој пат е многу важен бидејќи во Сланиште има царина, меѓународен железнички премин. Ќе функционираме нормално, досега имавме потешкотии и отсега понатаму се ќе биде како што треба - рече Сашо Ангеловиќ, претседател на месна заедница Табановце.
Село Табановце има околу 800 жители и се наоѓа на 13 км одалеченост од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk