Асфалтирана улицата “Вера Јоциќ“

27.12.2013 11:17 | KumanovoNews

Пуштена е во употреба улицата “Вера Јоциќ“, која се наоѓа во близина на Општата болница Куманово.

Асфалтирана улицата “Вера Јоциќ“

  Улицата е во должина од 470 метри, а чини 3,5 милиони денари, сретства обезбедени од локалната самоуправа.

Ова е дамнешна желба на граѓаните, беше калдрма, успеавме да направиме канализациона мрежа и да го затвориме проектот- рече градоначалникот Зоран Дамјановски  на отварањето на улицата.

Граѓаните велат дека педесетина години улицата е во лоша состојба иако е во центарот на градот.

Мојот татко тука газел кал и камења, исто и јас 54 години имам и исто толку живеам овдека. Ќе нема прашина, инаку онака кога дуваше ветер не можевме прозор да отвориме - рече Саве Милановиќ.

Во меѓувреме завршена е улицата “Васа Пелагиќ“, а тампонирањето на улица “Никола Вапцаров“ почнува денеска и на Романовски пат со средства обезбедени од Европска банка за обнова и развој.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk