Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, даде отчет до каде е рализацијата на програмата за одржување и ревитализација на патната инфраструктура во Општината.
При тоа истакна дека во последните месец дена, десетина улици во централното градско подрачје и во пригратските населби добија асфалт или бекатон плочки.
„Завршена е улиците 30 јули, во населбата „Перо Чичо„ со површина од 2000 метри квадратни, Милован Петровиќ во населбата Бедиње од 1800 м2, Перо Илиевски со 1000 м2, во завршна фаза се Јоско Илиевски и Гиго Цветковски со површина од 4000 м2, кои се наоѓаат кај фабриката Циглана, потоа Црнотравска и Трајко Прокопиев 1500 м2, Шарпланинска и Трст со бекатонска подлога од 1400 м2, Благоја Дулиќ ќе се заврши наскоро во површина од 2000 м2, а отпочнати се подготвителни работи на Боро Соколов и Ангел Дуцов. Со тоа се става точка на имплементација на програмата, но нема да има свечено пуштање поради забраната да се користи во предизборни цели„ - изјави Дамјановски.
Тој истакна дека при крај се работите на Занатскио дом, а се работи и на изградба на мостовите во Карпош, Долно Којнаре и Черкеско село.Паралелно тече и чистењето на речните корита на Којнарка и Кумановка, пред да се зголеми нивотот на водата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk