Астматичарите да не излегуваат на магливо време

17.01.2014 12:44 | KumanovoNews

 Во Диспанзерот за белодробни заболувања последниве денови  има зголемен обем на работа, откако во градот има густа магла во утринските и попладневните часови.

Астматичарите да не излегуваат на магливо време

Над 20 луѓе секојдневно бараат лекарска помош во диспанзерот.

Лекарите советуваат болните од астма, бронхитис и други хронични белодробни заболувања да не излегуваат надвор кога времето е магливо.

- Маглата содржи покрупни честици кои се вдишуваат, се лепат за белите дробови и прават опструкции на организмот. Во Куманово сега имаме грип кој во комбинација со респираторни заболувања и магла доведува до отежнато дишење, гушење, зголемена температура. Се препорачува да не излегуваат додека има магла, да избегнуваат контакт со заболени и редовно да земаат лекарства - вели Драги Гелевски, пнеумофтизиолог.

Тој објаснува дека најголем процент од хронично болните кои се обраќаат за помош во диспанзерот се постарите граѓани.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk