Атанас Петров објави нова песна „У теби чувам све“

07.12.2024 21:47 | KumanovoNews

Во пресрет на новогодишните празници Атанас Петров го објавува својот втор сингл „У теби чувам све“,  во соработка со Емел Франца – музика и текст и аранжман на Милан Раѓен.

Атанас Петров објави нова песна „У теби чувам све“

„Се  работи за балада, љубовна песна и се надевам дека секој што ќе ја слушне ќе ужива во неа. „У теби чувам све“ наменета е за сите возрасти. Ја објавувам во овој период, затоа што мислам дека е идеален за љубовна балада, околу новогодишната еуфорија. Песната е на српски јазик, бидејќи ме освои на прво слушање. Секако дека ја сакам и македонската музика и се надевам дека наредната песна ќе биде токму македонска“, вели Петров.

Тој во април го издаде неговиот прв сингл „Сад ме молиш“ во соработка со  Емел Франца – композитор и Виолета Михајловска Милиќ – текст. И двете песни имаат свој видеозапис во реализација на Алек Тасевски.

Петров вели дека 2024 година дефинитивно ќе ја заокружи како најуспешна година во неговата кариера. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk