Авиони го изгаснаа пожарот во Матејче

19.08.2015 09:46 | KumanovoNews

 Нискостеблеста шума вчера повторно гореше во место викано Вуксан во село Матејче.

Авиони го изгаснаа пожарот во Матејче

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) го изгаснале пожарот откако интервенирале со два авиони.

Пожарот е регистриран околу 13 часот, по што биле известени од Територијалната противпожарна единица Куманово, Регионалниот центар за управување со кризи и Шумско стопанство.

“Околу 16 часот е одлучено пожарот да го локализираме со два авиони. Теренот е непристапен и немаме точни податоци колкава површина е зафатена, но сепак не беше голем пожар. Важно е пожарот навреме да се изгасне, да не се доведеме во ситуација да изгорат цели хектари“- велат од ДЗС.

На истото место пожар имаше пред два дена и беше изгаснат авионски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk