Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во среда, од 5 до 8 часот, ќе се врши авионска дезинсекција против комарци на подрачјата во кумановскиот регион кои беа зафатени со поплави на почетокот на годинава, соопштуваат од Центарот за јавно здравје во Куманово.
Дезинсекцијата ќе се врши главно по теченијата на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река.
Центарот за јавно здравје апелира до пчеларите да преземат соодветни мерки и ги заштитат кошниците за време на запрашувањето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk