Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во вторник во раните утрински часови ќе се спроведе авионско прскање против возрасна форма на комарци на територијата на општина Куманово.
„Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 01.07.2025 година (вторник), во период од 04:00 до 10:00 на територијата на oпштината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци. Третманот ќе се изврши на површина од 1,270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месна заедница Бабин Дол, месна заедница Гоце Делчев, месна заедница Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ - с.Добрашане. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW“, соопштуваат од Општина Куманово.
Тие ги повикуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk