Авионското прскање против комарци одложено за утре

19.08.2021 06:09 | Сузана Николиќ

Авиозапрашувањето против комарци што требаше да се изврши вчера одложено е поради временските услови.

Авионското прскање против комарци одложено за утре

Тоа ќе се реализира утре во раните утрински часови на подрачјето на Куманово.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопштуваат од Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk