Австриец нападнал продавачка во кумановски бутик

14.05.2013 11:51 | KumanovoNews

Австрискиот државјанин А.А.(24) вчера попладне нападнал продавачка во бутик, бидејќи не дозволила да врати купена облека.

Австриец нападнал продавачка во кумановски бутик

Инцидентот се случил околу 17 часот, кога во бутикот “Стар“ дошол муштеријата да ја врати купената облека. Кога вработената М.А.(22) му рекла дека тоа не може да го стори, А.А. се налутил и физички ја нападнал, а потоа ги расфрлал кутии по дуќанот. Насилникот е приведен во полиција и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk