Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Австријци деновиве го посетија расадникот на „Шумско стопанство“ во Куманово, за да се запознаат со неговото работење.
Јавното претпријатије „Македонски шуми“ ќе спроведе проект со австриска експертска помош за менаџирање, одржливо управување и еколошка заштита на шумите.
Го посетија нашиот расадник, се интересираа за нашето производство, капацитет, колку општини снабдуваме. Од Македонија само нашиот расадник е посетен. Ние се занимаваме со контејнерски метод на производство - рече Весна Темелковска, шеф на расадник во „Шумско стопанство“.
Понатаму австриските експерти ќе треба да дадат насоки за развој на македонското шумарство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk