Авто-мото врши баждарење на тахографи

27.06.2012 07:16 | KumanovoNews

 Во иднина сите товарни возила и автобуси можат да извршат контрола и калибрација на аналогни и дигитални тахографи во сервисот на овој центар.

Авто-мото врши баждарење на тахографи

Авто-мото друштвото „Киро Бурназ„ се стекна со право да врши баждарење на тахограф. Во иднина сите товарни возила и автобуси можат да извршат контрола и калибрација на аналогни и дигитални тахографи во сервисот на овој центар. Одобрението за калибрација е издадено од Министерството за транспорт и врски.

Со ова овластување единствени во градот нудиме услуга, која е неопходна тешките возила да се вклучат во редовен сообраќај. До сега сите сопственици на возила над 3,5 тони, мораа за оваа законска обврска да одат во Скопје и другите градови за да вршат баждарење на тахографи, а сега тоа можат да го завршат во нашиот град. При тоа штедат време и пари-вели Зоран Златановски, раководител на Авто-мото друштвото „Киро Бурназ„.

Авто-мото друштвото, покрај оваа услуга и редовниот технички преглед на возилата, врши и издавање на документи, меѓународни возачки дозволи, овластување за управување со туѓо возило, патничко осигурување и други услуги. Тие пружаат и услуги со шлеп служба и помош на пат. Работат од 7 до 18 часот.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk