Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На спортскиот аеродром Аџитепе на 1 јуни, сабота, ќе се одржи собир на автомобили, на кој се очекува да бидат претставени од 300 до 500 автомобили.
Mанифестацијата се организира за прв пат, во соработка на Тјунингславиа (Tuningslavia) и клубот Илегал Хантерс (Illegal Hunters) од Куманово, а на настанот ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Љубителите на автомобили ќе можат да уживаат во богата програма на различни видови тјунирани автомобили, олд- тајмери, луксузни автомобили, проследена со музика од локален Ди џеј, хостеси, добра храна и пијалаци.
„Авто собирот ќе има и натпреварувачки карактер во преку 15 натпреварувачки категории, лимбо натпреварување, држење на бандажи во раце, а победниците ќе бидат наградени со пехари. Ќе има и дрифтање на посебно обележан простор“, истакнаа организаторите Јовица Шајо, Марио и Роберто.
Учеството со автомобил ќе се плаќа по 300 денари, а влезот за публиката е бесплатен. Собирот ќе биде максимално обезбеден од страна на организаторите со полицијата и приватно обезбедување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk