Автобусите на вонреден технички преглед-градскиот сообраќај во колапс

24.03.2015 08:36 | KumanovoNews

Над 40 автобуси на 4 компании од градот утринава се исклучени од сообраќај и пратени на вонреден технички преглед.

Автобусите на вонреден технички преглед-градскиот сообраќај во колапс

Полициската акција започнала во 6.15 часот, кога на неколку пункта во градот биле запирани автобусите од градскиот и училишниот превоз.

Од нашата компанија се исклучени 14 автобуси. Речиси кај сите се најдени ситни технички недостатоци и изречена им е казна од по 2200 евра. И другпат имало вакви контроли, но првпат од волку голем обем. Не ми се познати причините, но не сакам да се сомневам дека се работи за политичка одлука, бидејќи во ово случај превезуваме работници и ученици, а не членови на политичка партија за митинг,-изјави Оливер Стафановски, сопственик на Оли-Травел.

Од сообраќај се исклучени автобусите на Оли Травел, Штуз, Јоцо- турс и Глобал. Поради акцијата градскиот и меѓуградскиот сообраќај во градот е во колапс.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk