Автобуската карта до Скопје повисока за 30 денари

15.02.2022 21:08 | Сузана Николиќ

Автобуската карта на релацијата Куманово - Скопје зголемена е за 30 денари и од денеска чини 150 денари во еден правец. 

Автобуската карта до Скопје повисока за 30 денари

Тоа во проценти е 25 отсто повисока цена во однос на предходната која изнесуваше 120 денари.

Причините за покачувањето на билетите е зголемената цена на горивото и на резервните делови. На цените влијаело и прогласувањето на недела за неработен ден и тоа што ангажираните возачи и шалтерски службеници од јануари ќе добиваат и дневница за работа во со закон предвидениот слободен ден.

Граѓаните се изненадени од растот на цените и сметаат дека се превисоки.

Превозниците претходно барале помош од државата поради кризата или со намалување на акцизата за горивата или со намалени патарини за автобусите во меѓуградскиот превоз.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk