Автомобил удри во жена на „Доне Божинов“

06.03.2020 11:08 | KumanovoNews

 Повозрасна жена е повредена во сообраќајна незгода, откако во неа удрил автомобил.

Автомобил удри во жена на „Доне Божинов“

Вчера во 18.25 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.Ц.(44) од Куманово, удрило во пешак В.Н.(67) од Куманово.

Во незгодата, В.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk