Автомобил удрил малолетник на велосипед

30.06.2019 10:04 | KumanovoNews

На крстосницата од улиците „500“ и „526“ во нас. Ајдучка Чешма во Куманово, Г.Т.(39) од Куманово, завчера околу 19 часот, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со кумановски регистарски ознаки, удрила во велосипед што го управувал малолетник од Куманово.

Автомобил удрил малолетник на велосипед

Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk