Автомобил удрил малолетник на велосипед

30.06.2023 19:45 | Сузана Николиќ

Малолетен велосипедист е повреден, откако во него удрил автомобил во центарот на Куманово.

Автомобил удрил малолетник на велосипед

„Вчера во 18.40 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Кирил и Методиј“ патничко моторно возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишен кумановец, удрило во велосипед управуван од малолетник од Куманово.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk