Автомобил удрил во 9-годишно дете

04.03.2019 10:15 | KumanovoNews

  Деветгодишно дете е повредено откако во него удрил автомобил во центарот на Куманово.

Автомобил удрил во 9-годишно дете

Несреќата се случила завчера попладне на улицата „11 Октомври“, кога Б.Ѓ. (28) со патничко моторно возило „Поло“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во детето.

По незгодата возачот го однел детето во Кумановската болница, каде му се констатирани  телесни повреди. Увид по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Куманово извршиле полициски службеници од ПС Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk