Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај м.в. „Мешин Брез“ во с.Градиште, вчера во 17.40. часот се случула сообраќајна незгода во која А.Т. (52) од Скопје, управувајќи ПМВ „Хјундаи Купе“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во метални колобрани.
Во незгодата А.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Куманово, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Ургентен центар-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk