Автомобилско шоу во Куманово

29.08.2015 13:55 | KumanovoNews

На паркингот кај Спортската сала утре со почеток во 12 часот ќе се одржи автомобилско шоу.

Автомобилско шоу во Куманово

Околу 150 тјунирани автомиобили има пријавено на овој настан, кои ќе се натпреваруваат во десет категории: „Тјунинг стајл“, „Стрит класа“, „ЈДМ класа“, „Екстремна класа“, „Германски стил“, „Италијански стил“, „Олд тајмери“, „Луксузни автомобили“, „Почетничка класа“ и „Застава стил“. Предвидено е да се поделат 16 пехари и 23 медали, кои ќе бидат доделени од страна на судии од Србија.

За присутните ќе има лотарија при што наградените ќе добијат различни ваучери за перење на автомобили, полнење гориво, за сервис и слично.

Парте собрани од лотарија ќе одат во хуманитарни цели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk