Бадентер не е пречка за споменикот на бранителите

30.03.2011 15:17 | KumanovoNews

 Кумановските бранители наскоро ќе добијат согласност за изградба на споменик за нивите загинати соборци во кофликтот 2001 година.

Бадентер не е пречка за споменикот на бранителите

Дилемата е решена, за иницијативата на Задружението на бранителите 2001 ќе одлучува Советот на градот со просто мнозинство, а не се бадентер.

Доставив барање за оние две одредби кои беа спорни во Законот за меморијални споменици и спомен обележја и Законот за локална самоуправа до Министертвото за култура и Министерство за локална самоуправа. Од таму добивме упатство дека постапката понатаму може да продолжи без употреба на бадентер, односно одлуката за поставување на споменици ќе се носи со просто мнозинство - изјави Виктор Цветковски, претседател на Советот.

Тој додаде дека Советот ќе формира одбор кој што ќе ја спроведе целата постапка за избор на идејното решение и дека сите активности ќе се презимаат во соработка со бранителите.

Иницијатаивата на Здружението на бранители од Куманово, да подигнат споменик на своите загинати колеги е стара неколку години, а реализирањето на проектот го кочеше толкувањето на законот од страна на советниците Албанци, дека одлуката може да се донесе само со нивна подршка.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk