Бадник се одбележа со низа манифестации во Куманово

06.01.2022 21:11 | Сузана Николиќ

Традиционално, Бадник се одбележа со повеќе активности во Куманово. 

Бадник се одбележа со низа манифестации во Куманово

Здружението на граѓани „Коледари” и оваа година ја организираше прославата на Бадник пред Центарот на култура во Куманово. На присутните им беа поделени бадникови гранчиња, овошје, топол чај и ракија. Кумови на манифестацијата се членовите на мото клубот „Мечки“.

Здружението „Бадникови поворки” на Градскиот плоштад постави божиќна пештера со фреска на Богородица и Исус, а беа поделени бадникови колачиња и божиќни звезди на дечињата. 

Гимназијата „Гоце Делчев“  денеска беше домаќин на традиционалната манифестација „Празниците зближуваат“, која ја организира Отсекот за превенција при СВР Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk