Бадников оган гореше на Плоштадот

07.01.2011 09:21 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово синоќа беше запален Бадниковиот оган. На традиционалната манифестација што ја организираше општинската oрганизација на СДСМ присуствуваа неколку илјади кумановци.

Бадников оган гореше на Плоштадот

 Присутните ги поздрави и божиќните празници им ги честиташе претседателката Снежана Захариева.

Ова е најубавата вечер во целата година, предвечерие на големиот христијански празник Раѓањето Христово-Божиќ.Многу сум среќна што ве гледам во толку голем број и се радувам што успејавме да ја сочуваме традицијата на дружење што ја почнавме пред 16 години. При тоа ги негуваме и обичаите кои ја следат оваа вечер, а тоа се бадниковит оган, лепчето со паричка и топлата ракија. На сите ви посакувам многу среќа во текот на цела година,исто како и на а оние кај кои се падна паричката- рече претседателката.  

По пелењето на огинот следеше забава со поп пејачите Влатко Илиевски, Дани Димитровска и дувачкиот оркестар Зејнелови, а на прославате се делеше топла ракија и бадникови лепчиња со десет сребрени и една златна паричка.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk